ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
Здружение Иницијатива за Еконосмки Развој на Ромите-РЕДИ Скопје, е невладина организација со мисија “ зајакнување на ромските заедници преку промовирање на постојните претприемачи и нивните деловни активности со користење на услуги за развој на бизнисот, обука и пристап до финансии”.
Здружение Иницијатива за Економски Развој на Ромите-РЕДИ има потреба од ангажман на финансики асистент/ финасиска асистентка за имплементација на планираните активности.
1. Опис на ангажманот:
Финансискиот асистент ќе биде одговорен за водење на финансиските и административните работи на организациските активности. Ова вклучува водење на тековна финансиска состојба, подготовка на налози за исплата на договори, подготовка на финансиски извештаи и записи, подготовка на тендери за набавка на материјали и услуги.
2. Должности и Одговорности:
- Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
- Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
- Подготовка на финансиски извештаи;
- Подготовка на пресметки и буџети;
- Организација и поддршка во спроведување на ревизии;
- Организирање на јавни набавки и тендерски постапки за секаков вид на стоки и услуги;
- Одржување на архивата, како и скенирање и електронска копија на сите документи и оддржување на канцелариската библиотека;
- Организирање и одржување на лични досиеја на вработените;
- Подготвување и одржување на потребната канцелариска документација;
- Подготвува писма, преписки и други форми на комуникација;
- Управување со кеш и трошоци за вработените
- Плаќање сметки и осигурување дека сите добавувачи се платени
- Разбирање на доверливост и дискреционо право
3. Кандидад(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Диплома за завршено високо образование во областа на финансии и економија
- Најмалку двегодишно работно искуство во финансиско и административно раководење во проекти
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Искуство и знаење со Microsoft 365 ( Excel, Word и Outlook)
- Ентузијазам за работа си бројки и табеларни пресметки
- Да одржува одлично внимание на детали и точност
- Да планира и управува со различен обем на работа
- Искуство за работа во тим и можност за флексибилен пристап при одговарање на потребите на организацијата
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
Ангажманот започнува од 01 Јули 2020 година до 31 Декември 2020 година со можност за продолжување.
Работно време: Пола работно време (20 часа неделно)
Хонорар: 300 Евра (бруто)
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Најдоцна до 19 Јуни 2020 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Детална биографија на Англиски јазик
- Писмо за мотивација на Англиски јазик
- Потврда/препорака од претходен работодавач за двегодишно искуство во финансиско и административно раководење на проекти
Документите со назнака/предмет на пораката Call Financial Assistant Macedonia можете да ги доставите на finances@redi-ngo.eu до 19 Јуни 2020 година.
За дополнителни прашања можете да не контактирате на: 076/805-651