ROMA DIGITAL BOOST PROGRAM
ПОВИК за апликации

Како одговор на пандемиската криза COVID-19 и нејзините ефекти врз формалниот и неформалниот бизнис сектор, РЕДИ во партнерство со Business Impact Lab и Startup Macedonia ја најавува програмата ROMA DIGITAL BOOST, чија цел е развој на претприемнички капацитети на 60 бизниси раководени од Роми во Романија, Србија и Северна Македонија ; преку развиени онлајн лекции, обезбеден онлајн простор за учење, интеракција, истражување и комуникација за премин од традиционален бизнис во дигитален бизнис. Програмата ќе ги оспособи учесниците со претприемнички, лични и импакт ориентирани вештини кои ќе придонесат за зголемена можност и потенцијал за раст и развој на бизнисите (формални и неформални) раководени од Роми.

 

За програмата ROMA DIGITAL BOOST

ROMA DIGITAL BOOST програмата е Е-акцелераторска програма чија цел е пренесување на знаење и вештини на 60 бизниси раководени од Роми за нивна трансформација од традиционален бизнис во дигитален бизнис. Конечната цел на акцелераторската програма е да го поддржи отворањето на 60 онлајн продавници раководени од Роми.
ROMA DIGITAL BOOST програмата ќе им послужи на специфичните потреби на 60 ромски претприемачи од Романија, Србија и Северна Македонија погодени од кризата COVID-19 за да ја рестартираат и подобрат нивната бизнис активност. И двете групи, формални и неформални бизниси раководени од Роми директно ќе имаат корист од програмата. Жените претприемачи Роми се особено охрабрени да учествуваат во Е-акцелераторската програма.
Програмата е базирана на онлајн платформа која им овозможува на учесниците да комуницираат меѓусебно, да поставуваат прашања на менторите и да пристапат онајн до сите материјали за обука, предавања, сесии и директна поддршка за тренинг / менторство.
Програмата ќе биде достапна на 4 јазици: Романски, Македонски, Српски и Англиски.

 

Програмата е структуирана во 4 модули:
Модул 1. Бизнис моделирање – дигитална трансформација
Модул 2. Импакт менаџмент
Модул 3. Маркетинг и продажба
Модул 4. Е-трговија

Е-акцелераторската програма ќе обезбеди финансиска поддршка во форма на парична награда, еден-на-еден менторска/туторска поддршка и решенија за е-трговија на најперспективните воспоставени дигитални бизниси.

Вкупниот износ на наградите предвидени за оваа програма е 15 000 Евра, 5000 Евра по држава.

 

Кој може да аплицира:

Поканети се сите заинтересирани ромски претприемачи од Романија, Северна Македонија и Србија кои сакаат да ја развијат својата бизнис активност преку дигиталните платформи, без оглед на видот на бизнис активност и правната форма, да аплицираат на Roma Digital Boost програмата. Охрабрени се да аплицираат формални и неформални трговци, даватели на услуги, продавачи на отворени пазари, сопственици на мали бизниси, производители и жени Ромки.

 

Процес на селекција:

Учесниците ќе бидат избрани преку конкурентен процес заснован на претприемачкото искуство, мотивацијата и потенцијалот на кандидатот за развој на бизнисот во дигиталните платформи. Приоритет ќе имаат жените Ромки. Избраните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

 

Како да аплицирате:

Од кандидати се бара да го пополнат формуларот за аплицирање онлајн.
Формуларот за аплицирање може да се пополни на Македонски или Ромски јазик.

 

Кој е крајниот рок?

Аплицирајте онлајн до 15 јуни 2020 година. Апликациите поднесени по крајниот рок нема да бидат земени во предвид .
Ако имате какви било прашања, ве молиме контактирајте го РЕДИ на romadigitalboost@redi-ngo.eu

Апликациона форма Е-Aкцелератор програма














(required)