Со појавата на вирусот COVID-19 Владата на Р.Северна Македонија превзеде сет на мерки за спречување и заштита од вирусот во државата. Поради ограничувањето на движењето голем број на лица во социјален ризик и оние кои се дел од неформалниот сектор не се во можност да ги извршуваат своите активности кои им обезбедуваат приход и во моментот се соочуват со егзистенцијани проблеми. Институтот за истражување – Ромалитико во соработка со Иницијативата за развој на претприемништво „РЕДИ“ подготви сет предлог мерки насочени кон лицата во социјален ризик, меѓу кои и Ромите со цел да осигура финансиска сигурност и поддршка на неформалниот сектор.

1. Привремено ангажирање на лица во социјален ризик Владата во период од 3-6 месеци да ги ангажира лицата кои се во социјален ризик за обезбедување хигиена и дезинфекција на улици и објекти. Ваквата мерка ќе обезбеди привремен доход на семејствата од ранливите категории и да обезбедат неопходно намирници за основна егзистенцијална.
2. Одложено плаќање на кредити од Не-банкарски институции Од Владината мерка за одложено плаќање на кредити вклучени се деловните банки и штедилниците но не и финансиските институции кои даваат он-лајн брзи кредити и микро-кредитните фондации. Имајќи во предвид дека голем број од граѓаните се без работа и со цел да се обезбеди финансиска сигурност на семејствата, владата да обезбеди одложено плаќање на кредитите од Небанкарските институции во временски период од 6 месеци.
3. Намалување на цената на основните трошоци (вода, електрична енергија, комуналии, телефонски услуги) Владата да наложи сите јавни претпријатија или фирми во коj има државен удел државата да ги намалат трошоците за сметки на граѓаните за 30% со цел да се обезбеди финансиска сигурност за граѓаните во времетраење до 6 месеци
4. Основна поддршка на лицата без документи Имајќи во предвид дека Лицата без документи кои се регистрирани во Центарот за социјални работи нема да бидат во можност да ги користат најавените 7.000 денари, ги предлагаме следните модалитети:
Вредносни ваучери во износ од 7.000 денари за набавна на основни егзистенцијални потреби на семејствата 2. Прехранбени пакети на неделна основа за лицата кои немаа лична документација 3. Одлука за доделување на привремена лична карта со цел истите да влезат во системот на социјална заштита.
5. Обезбедување на Вода
Во општините каде што одредени населби немаат вода или пристапот до јавна чешма е повеќе од 1км, локалните самоуправи особено во населбите каде што живеат лица под социјален ризик да обезбеди цистерна за вода на дневна основа со цел да се задоволат основните потреби за вода и хигиена на населението
6. Продолжување на времетраењето на рецепти од 1 недела на 1 месец и вклучување на лицата без здравствено осигурување во здравствениот систем

ПРЕДЛОГ ЕКОНОМСКИ ПАКЕТ НАСОЧЕН КОН ПРЕТПРИМЕАЧИ И ЗАНАЕТЧИИ

1. Без каматни кредити со грејс период од 6 месеци
Доделување на без каматни кредити со грејс период од 6 месеци на лица кои се самовработени или индивидуални претприемачи (неформална економија), занаетчии за реорганизација на нивната работа, набавка на заштитна опрема и адаптација. Висината на бескаматните кредити да биде во износ од 1500 – 3000 евра со таргетиран пристап до индивидуални претприемачи или самовработени, занаетчии
2. Ослободување од даноци на занаетчиите
Ослободувањето од плаќање на паушалот кај занаетчиите, при што се овозможи поголема финансиска сигурност на истите
3. Стимулирање и поддршка на развојот на земјоделството
Во услови кога се очекува бројот на невработени да се зголеми, како и активноста на генералното население да се намали, Владата со пакет мерки потребно е да го стимулира земјоделскиот сектор со оглед на тоа дека истиот има помали ризици. Пакетот да се однесува на доделување на државно земјиште под субвенциониран наем како и доделување на грант/ без каматен кредит.
4. Развој на ИТ вештини
Поддршка на невработените до 29 години за развој на вештини од ИТ технологијата, со цел подобра квалификациона структура на невработените. Иако оваа мерка веќе постои, потребно е зголемена опфатеност и таргетирање на младите кои се невработени.
Со мерката за рецепти ќе се спречи лицата да не мора повторно да одат кај матичните лекари да бараат нови рецепти и со тоа ќе се спречи нивна директна изложеност на ризик од коронавирус.
Со мерката за здравствено осигурување ќе се овозможи лицата кои немаат здравствено осигурување ќе можат да користат лекови со партиципација
5. Ослободување на закупнината на пазарџиите
Лицата кои продаваат на зелените пазари или на организирани пазари (облека, обувки и сл.) да се ослободат од плаќање на закупнина. Воедно, со цел непречено функционирање на пазарите локалните власти во соработка со сопствениците на пазарите да воведат посебни мерки и регулација – ограничување на движење внатре во пазарите, посебен ред, дезинфицирање на тезгите и сл. мерки со цел пазарџиите да остварат вонредни приходи.